Зимската пауза заврши и викендов, екипите во македонската ракометна елита ќе продолжат со натпреварите во Супер лигата. Ракометните возбудувања во пролетната полусезона ќе ги најават мечевите од 15-та рунда.

Дербито на колото, Бутел Скопје – Охрид ќе се одигра в среда на 4 март со почеток во 19 часот. Останатите натпревари во првата од финалните четири рунди во регуларниот дел од Супер лигата ќе се одиграат в сабота и в недела.

В сабота силите ќе ги одмерат Струга – Метаург, Радовиш – Пролет и Пелистер – Работнички. В недела ќе се одигра градското дерби помеѓу Вардар Јуниор – Металург 2.

„Гладијаторите“ првиот дел од Супер лигата го поминаа втори низ целта заостанувајќи само еден бод од лидерот на табелата, Металург. После дуелот со Бутел Скопје, охриѓани на домашен терен ќе се сретнат со Струга и Металург, а завршуваат со гостување кај тимот на Металург 2.

Двојки 15 рунда:

Струга – Металург

Бутел Скопје – Охрид

Радовиш – Пролет

Пелистер – Работнички

Вардар Јуниор – Металург 2

OhridNews