Театар, Импровокација, роденденски забави, квалитетни свирки во живо… Богата е културно забавната понуда овој викенд во Охрид.

Забавните настани и овој викенд почнуваат со „жешка“ афтер ворк дружба во 17.30 часот во Бистро „Корнер“, каде настапува диџеј Димитар.

На репертоарот на Народниот театар Охрид, во петок, 21 февруари, повторно ќе биде хит претставата „Каде е пиштолот?“, од унгарски автор Габор Ѓоргеј, во режија на Дејана Николовска. Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски.

Карти по цена од 200 денари можат да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Почеток 20.00 часот. Телефон за резервации: 046 261 063, 075 283 066.

Викенд забавата во „Куба Либре“ почнува со извонредното музичко дуо „Shine“, на 21 февруари во живо.

Свирката почнува во 22 часот.

Со голема целодневна  забава „Sky Corner“ во сабота, 22 февруари, ќе го одбележи првиот роденден. Ќе настапат Dj Face и „Куку Леле“, а ќе има многу изненадувања и специјални понуди за посетителите.

Денската забава почнува во 13 часот, а настапот на „Куку Леле“ е најавен за 21 часот.

Во сабота 22 февруари, роденден слави и популарната театарска „Импровокација“. Одличното комично шоу ќе го одбележи четвртиот роденден со ново уникатно издание и многу изненадувања за публиката, во 20 часот на керал сцената при Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Карти за роденденското издание на „Импровокација“ по цена од 200 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, или резервираат на телефонскиот број 075 283 066.

Оваа сабота, 22 февруари, во „Куба Либре“ проверено добра забава со исклучителниот музички бенд предводен од Ѓоко Танески.

Забавата почнува во 22 часот.

Во сабота, 22 февруари, во „Аквариус“ во живо настапува Ексклузив Бенд со најголемите хитови од просторите на бивша Ју.

Забавата почнува во 22 часот.

Во „Скај Корнер“ и оваа недела, 23 февруари, е резервирана за ручек средба со семејството или пријателите. Сладокусците ќе може да уживаат во внимателно подготвено мени: Туршија салата, Крем супа од карфиол, Јунешки мускул во сос и кремаста палента и Крем бруле.

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек во „Скај Корнер“.

И овој викенд не пропуштајте да ги вкусите вкусните специјалитети од новата кујна на „La Fabrique“, во омиленото место за излегување или дома, со бесплатната достава на добро познатиот број 071 355 888. Ваше е само да изберете пица, пастрмајлија, тестенини или друго омилено јадење.

Недела вечер, 23 февруари, во Бистро Корнер уживање со староградска музика.

Забавата почнува во 20.30 часот.

За настаните од културата и забавата редовно информирајте се во специјализираните содржини и рубриката „Што, Кога, Каде“ на нашиот портал.

OhridNews