Во драматично финале кое ќе влезе во историјата на НФЛ, што се одигра вечерва во Хјустон, екипата на Њу Ингланд Патриотс ја совлада екипата на Атланта Фалконс со 34:28, по продолжение.
Патриотс до петтата титула во Суперболот стигнаа со неверојатен пресврт, откако Атланта на полувреме водеше со 21:3, а на почетокот на третата четвртина ја зголеми предноста на 25 разлика. Но тогаш почна танцот на извонредниот квотербек Том Брејди и Патриотс почнаа да ја топат големата разлика. Последната четвртина Њу Ингланд со помош на фортуната ја доби со 19:0 по што натпреварот отиде во продолжение.
Во дополнителните 15 минути Патриотс кои го имаа првиот напад остварија тачдаун што според правилата им ја донесе титулата.
За МВП на суперболот прогласен е Том Брејди.
51-oт Супербол ќе остане запаметен по тоа што за прв пат во историјата на НФЛ е решен во продолжение, како и по камбекот на Патриотс кои анулираа заостаток од 25 поени, најголем во едно финале во историјата на лигата.
OhridNews