Дождот кој врнеше синоќа во Охрид, не беше пречка охриѓани и бројните гости да се забавуваат со музиката на одличните Суперхикс. Концертот на Суперхикс беше продолжување на настаните предвидени во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, кој оваа година внесе вистинска свежина во градот за време на празниците.

Вечерва програмата продолжува на малата сцена, во посебно уредената куќичка на градскиот плоштад каде настап во живо со почеток во 20:00 часот ќе има рок бендот High Voltage“. Во составот на бендот се: Јован Јованоски, вокал и ритам гитара, Јован Чифлигароски на соло гитара, Christopher Abu Saleh на Тапани и Марина Ангелоска на бас гитара.

Во рамки на програмата „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ следуваат уште бројни музички настапи. На 7-ми јануари, за празникот Божиќ ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година публиката ќе ужива во музиката на Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин.

OhridNews