Без победник 2-2 (1-0) заврши дерби средбата помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата, во рамките од аргентинскиот Куп кој го носи името на Диего Армандо Марадона.
„Суперкласико“, како и секогаш понуди атомски и допадлив фудбал, а зовриените страсти се составен дел од дерби пресметките. Вистинска штета беше што мечот поради мерките и протоколите во време на пандемија се одигра без публика.
Бока Јуниорс го отвори резултатот во 10-та минута со голот на Абиља. Тој резултат беше активен до 74-та минута. Ривер Плата со два брзи голови го презеде водството. Стрелци беа Жироти и Боре. До крајот на мечот Бока Јуниорс се извлече од пораз, постигнувајќи погодок во 86-та минута. Двете екипи мечот го завршија со десет фудбалери.
Во аргентинскиот Куп каде се игра лига систем лидери на табелата се токму Бока и Ривер со по осум освоени бодови.
OhridNews