Лидерот во второлигашката конкуренција Охрид 2004 попладнево од 13 часот ќе одигра пријателски натпревар против српскиот суперлигаш Смедерево.


Охрид`04 одигра четири тест меча и притоа забележа една победа, две ремија и еден пораз. Ремизираа со Јавор 1-1, и Еуромилк 1-1, го совладаа македонскиот шампион Ренова 3-2, а претпреа пораз од Силекс со 2-0.


Смедерево е еден од српските лигаши кои се на подготовки во Охрид, кои се уште немаат пораз.

 М.П.