Најголемата полна месечина во 2013, наречена „Супермесечина“, засјаи синоќа на небото над Охрид. Глетката посебно беше фасцинантна над Охридското Езеро кое буквално беше осветлено како ден.
Инаку, Месечината вечерва ќе биде најблиску до Земјата оваа година и ќе се наоѓа на одалеченост од 356,991 км.
Месечината вечерва ќе биде 14 отсто поголема и 30 отсто посветла и ќе предизвика максимална плима и осека.
фото:Емилио