Во Музеј куќата на Роберевци, во организација на НУ Завод и Музеј Охрид, вечерва, беше отворена изложба на дела и инсталации „Мапирање на душата“, од ликовниот уметник од Белград, инаку родена охриѓанка, Марина Коцарева Ранисављев.
Марина Коцарева Ранисављев со својата нова изложба, и всушност со целокупното свое творештво ги апострофира и преиспитува феномените на постоечкото, на просторот и времето, како во физчка, визуелна, така и во симболична категорија, просторот, визија, визуелизацијата длабоко вкоренета во нашата свест. – вели критиката за изложбата „Мапирање на душата“.

Се работи за исклучителна изложба која би било добро да се постави и во другу простори. Инсталациите и видео инсталациите се од таков калибар што заслужуваат да се направи постојана музејска поставка од тие дела. – рече Жупан.

Изложени се дела работени на различни подлоги, инспирирани од убавината на женското тело, архитектурата и текстурата. На оваа изложба се поврзани неколку концепти и дела полни со симболика. – вели уметникот Марина Коцарева Ранисављев која живее и работи во Белград, Република Србија,.

Фото галерија:
Г.М.
Фото: А. Момироска















































