Осмата рунда од домашниот шампионат ја носи градската дерби пресметка меѓу Ренова и Шкеднија. Но овогодинешната пресметка ќе биде посебна за Ќатип Османи, актуелниот стратег на Ренова кој на тимот на Шкендија му ја донесе единствата титула во клупската историја.

– Суров, токму таков нашиот тренерски живот,  денес си тука утре си на другата страна. Ќе има голем наплив на емоции но јас сум професионалец и ќе направам се мојот тим да победи – вели за ohridnews, Османи.

На куп мечот со 11 Октомври кој “црвено-црните“ го добија со 5-0, Османи одмараше поголем дел од своите првотимци.

 – Пласманот го имавме осигурано по првиот меч, па не сакав да ризикувам со некоја повреда. Одигравме колку што беше доволно, и максимлано подготовени но и мотивирани влегуваме во мечот со Шкендија – потенцираше Османи.

Мечот Ренова – Шкендија кој е единствен од денешната понуда ќе го води Јакимоски Дејан од Скопје. Останите мечеви се играат во недела.

Двојки :

Сабота, 29.09.2012 – 8. Matchday
  15:00  Ренова   –   Шкендија 79  
Недела, 30.09.2012 – 8. Matchday
  15:00  Хоризонт
  –   Работнички  
  15:00  Напредок   –   Брегалница 2008  
  15:00  Тетекс   –   Металург  
  15:00  Дрита   –   Силекс  
  19:00  Вардар   –   Пелистер  

Табела

Место Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same Вардар 7 5 1 1 18:4 16
2 same Хоризонт Турново 7 4 2 1 9:7 14
3 same Металург 7 4 0 3 8:8 12
4 same Шкендија 79 7 3 2 2 14:9 11
5 same Ренова 7 3 2 2 11:8 11
6 same Пелистер 7 3 1 3 8:7 10
7 same Брегалница 2008 7 3 1 3 6:5 10
8 same Работнички 7 3 1 3 14:16 10
9 same Напредок 7 3 1 3 8:10 10
10 same Дрита 7 2 2 3 9:12 8
11 same Силекс 7 1 1 5 5:13 4
12 same Тетекс 7 1 0 6 5:16 3