Синот на индискиот бизнисмен Субрата Рој, Сушанто Рој, добил македонско државјанство со одлука на Владата пред еден месец, јави тв „Телма“
-Врз основа на соодветната законска процедура и врз основа на член 11 од Законот за државјанство, на една од изминатите седници, пред околу месед дена, Владата позитивно одговори и одлучи да го прифати барањето на лицето Сушанто Рој за прием во државјанство на РМ, изјави владиниот портпарол Александар Ѓоргиев.
Со која цел Сушанта Рој побарал македонско државјанство, од Владата не коментираат, освен дека ги исполнувал барањата и претходно го поминал филтерот на сите државни институции. За намерите можат да зборуваат само подносителите на барањето, вели портпаролот.
OhridNews
извор:„Телма“