Нивото на Охридското Езеро минатата недела беше на котата 693,24 метри надморска височина, 14 сантиметри над природниот минимум. Веќе подолг период нивото на езеротo е во опаѓање. Во првата недела од ноември нивото на вода се намалило за еден сантиметар.
Осцилацијата најмноу се забележува на крајбрежјето, особено кај мостот пред „Палас“ и на градскиот кеј.
Дождот кој наврна во изминатото деноноќие е добредојден, а очекуваните врнежи во периодот кој доаѓа треба да придонесат за стабилизација на нивото на Охридското Езеро, кое изминатите години бележи големи осцилации.
OhridNews