Најдобриот фудбалер во градската пресметка меѓу Милан и Интер која заврши без победник (2-2), Жесус Хоакин-Сусо не си го одржа зборот даден пред 217-то дерби на Сан Сиро.
Шпанецот, во интервју пред дерби средбата рече дека ќе оди пешки (45 километри) ако постигне два погодоци. Сусо два пати ја матираше одбраната на Интер, но не си замина пешки до својот дома, а изговор за неисполнувањето на ветувањето најде во ремито.
– Не победивме и затоа не си заминав пешки до мојот дом. Реков ако јас дадам два гола и Милан победи ќе си одам пешки, а тоа нажалост не се случи покрај моите два погодоци. Пред мечот незамисливо ми беше да постигнам макар еден гол, но успеав два пати. – рече Сусо.
„Росонерите“ без победа останаа во првата минута од судиското продолжение, кога Иван Перишиќ ги израмни бројките на семафорот.
Интер со гол во финишот се спаси од пораз Милан во градското дерби (видео)
OhridNews