Известувачот на Европскиот Парламент за визната либерализација, Тања Фајон потврди дека сеуште не се стекнати условите за продолжување на преговорите околу воведувањето на механизмот за суспензија на безвизниот режим за земјите од западен Балкан.

Преставниците на Европскиот Совет, Европската Комисија и парламентот на 18 декември минатата година не успеаја да се договорат околу воведувањето на заштитниот механизам.

Минатата недела во медиумите проструија  шпекулации дека Комитетот на ЕП за граѓански праша ќе одлучува за воведување на заштитен механизам за безвизниот режим, што во пракса значи дека, доколку пројде во парламентот, ќе се воведе можна мерка за привремена суспензија на безвизниот режим за земјите од западен Балкан. Сепак, до тоа гласање минатата недела не дојде.

OhridNews
Makfaks