Универзитетот за информатички науки  и технологии „Св. Апостол Павле“ и Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) потпишаа Меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.

Целта на овој Меморандум е официјализирање на соработката помеѓу Универзитетот и СЕДЦ на  стручни и научни проекти од интерес на двете страни , заемно учество во работилници, професионални и академски средби, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, , како и унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на информатичките науки и компјутерското инженерство од страна на потписниците.

Меморандумот го потпишаа проректорот за финансии на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р. Братислав Станковиќ и Генералниот Менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар – м-р Ирена Чаушевска.

OhridNews