OhridNews ја продолжува анализата на програмата на новата Влада во делот на инфраструктурата, со акцент на Охридскиот регион.
Во делот на воздушниот сообраќај, Владата во својата програма најавува изработка на нова национална стратегија за долгорочен развој. Исто така ќе се анализира нивото на реализација од концесискиот договор со аеродромскиот оператори, а као инвестициски приоритет се предвидува воспоставување брза транспортна врска помеѓу скопскиот и охридскиот аеродром и промоција на Охридскиот аеродром во low-cost аеродром.
Ќе се направи анализа на услови за основање на редовен македонски авиопревозник, изградба или адаптација на 7 хелиодроми за медицински, полициски и воени потреби, 4 издвоени водени површини за оперирање на хидроавиони за посебни намени. – стои во владината програма.

Во делот на железницатам пак, и оваа Влада во програмата предвидува изработка на проектна документација за изградба на железницата Кичево – Лин, Република Албанија, која треба да минува низ Дебрца, како и почеток на изградбата на овој стратешки инфраструктурен проект.
Г.М.














