Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид го заврши проектот Туристичка риболовна карта на Република Македонија.

Картата е отпечатена  во 2000 примероци од кои 1000 на Македоски и илјада на Англиски јазик. Ова е прва риболовна карта на Република Македонија во која се претставени сите риболовни ревери (реките), рекреативните зони (акумулации и природни езера) во нивните граници.

Во картата се претставени сите риболовни води и нивните концесионери , контактите со концесионерите, хотели , ресторани и кампови во близина на риболовните води, продавниците за риболовна прибор, опрема и мамки, дозволените големини на рибите во кои смеат да се ловат,период на  забрана за риболов за време на нивниот мрест по видови на риби , фотографии  од рибите и нивна застапеност  по риболовни ревири и зони.

Картата е изработена со цел да се информираат рекреативните и спортските риболовци од Македонија и од другите земји за риболовната понуда на Македонија и за хидропотенцијалот односно водените ресурси со кои располага Република Македонија. Оваа се први чекори на развивање на Рибен туризам како алтернативна гранка на Туристичката понуда на Македонија.

Риболовната карта преку Агенцијата за развој на туризмот на Македонија ќе биде дистрибуирана на Туристички саеми и манифестации надвор од Република Македонија. Во Македонија ќе биде застапена на гранични премини, хотели, мотели, бензиски пумпи, продавници за риболов и др.

Картата е изработена и во електронска верзија која ќе може слободно да се преземе од странските и домашните веб порталите и форуми за риболов и ќе биде достапна и на социјалните мрежи.

Проектот е финансиран од Владата на Република Македонија.

OhridNews