Според православниот календар, денешниот ден е посветен на маченикот Св. Трифун. Голем број обичаи и ритуали кои се врзани токму со овој ден, традиционално се пренесени од колено на колено. Во минатото, 14-ти февруари претставувал најголем ден за бавчанџиите од охридскиот регион.

Но „благодарение“ на масс-медиумите и следењето на модерните европски теркови, младите од земјава на 14-ти февруари го прославуваат католичкиот Св. Валентин. Уште од поодамна, тинејџерите од земјава се поделени околу тоа, дали да го чествуваат популарниот „Ден на вљубените“.

Иако повеќето срамежливо негираат дека го прославуваат Св. Валентин, излозите од локалните парфимерии, цвеќари и продавници го говорат токму спротивното. Ако се знае дека за овој празник на саканите им се подаруваат цвеќа, срцина па дури и парферми, трговците  од централното градско подрачје очекуваат дека и оваа година како и секоја, помладата категорија граѓани ќе купат некои од нивните производи.

На 14-ти февруари,  најчесто сме посетени од младите и тинејџерите. Се купуваат скромни подароци, со некоја љубовна содржина. Од цвеќата, најчесто се купуваат ружите. Но оваа година, продажбата оди тешко. Младите ги нема, а трендот за „Денот на вљубените“ како да е опаднат.“ – со заеднички став се дуќанџиите од старата охридска чаршија.

Инаку, секоја година за Св. Валентин, во Англија и западниот свет се испраќаат милиони честитки. Најстара позната честитка која се чува и денес е онаа на Шарл, Војводата од Орлеан. Тој напишал и испратил поема на својата жена, додека бил затворен во злогласниот затвор Тауер Бриџ. Поемата, сега е дел од британската библиотека во Лондон.

Пандан на овој католички празник во православието, според многумина е денот посветен на светиците „Вера, Љубов, Надеж и мајка Софија“ кој се чествува на 30-ти септември.

O.T.