Исчекувањето да се случи холивудската свадба на годината се одложува и одложува. Анџелина Џоли и Бред Пит, потврдила актерката, не се венчале тајно за Божик, како што пишувале речиси сите светски медиуми.

Папараците ја фотографирале во Лос Анџелес, а убавата актерка на раката немала веренички, туку некој друг прстен. На прашањето дали станува збор за бурма, таа кратко одговорила дека не е.