Рафали и поединечни истрели од огнено оружје одекнуваа ноќеска од семејна веселба во населбата Воска.

Пукотниците ги вознемирија граѓаните, но и гостите сместени во комерцијалните туристички комплекси и во приватни станови и куќи во овој дел од градот.

Иако изминатите неколку години се спроведуваше кампања за опасностите од употреба на огнено оружје на веселби, за жал тоа сеуште е декор на прославите кај дел од населението, поради што многу пати тие завршувале со несакани последици и човечки жртви.

OhridNews