Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со свечен коктел на кои присуствуваа преставници од екипите кои се подготвуваат или играат мечеви во Охрид им се заблогадари за довербата.

Директорката на Ј.П. „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска и Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски им врачија пригодни подароци од градот на преставниците од екипите.

– Од екипите кои доаѓаат на подготовки во Охрид и ги користат нашите терени нема бенефит само Ј.П. „Билјанини Извори“, туку целиот град, бидејќи се развива спортскиот туризам во период кога стагнира останатиот. Со одредени инвестиции во терени ќе се зголеми понудата и ќе дојдат што повеќе екипи во Охрид на подготовки. – изјави директорката Јованоска.


Директорката Јованоска и тимот кој се грижи за терените на СРЦ „Билјанини Извори“.

Првиот човек на Фудбалскиот клуб Мачва, Ивица Краљ кој е прославен голман има само пофални зборови за градот Охрид во кој прв доаѓа со екипата. – Јас доаѓам втор пат, но екипата доаѓа прв пат и сите остануваат без зборови. Кога им кажував што ги очекува не ми веруваа, но самите имаат можност да се уверат во убавините и условите за работа во Охрид. – истакна голманот.

Моментално во Охрид има околу десеттина екипи на подготовки, а уште толку доѓаат да играат тест натпревари во кои ја брусат формата за националните шампионати во кои се натпреваруваат.

Мх.П.