Со свечена академија што ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, градот Охрид ќе го одбележи Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид. На академијата ќе биде врачена Свети Климентовата награда, која оваа година ја доби архимандритот Нектариј од Манастирот Св. Наум Охридски.

Со свеченоста ќе биџде одбележан и патрониот празник на гимназијата „Св. Климент Охридски“.

Претходно, во 12 часот во Општина Охрид (голема сала) ќе биде одржана промоција на Книгата за светите браќа Климент и Наум од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а од 19 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев” ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.

Од 19.30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ (галерија) ќе биде поставена изложба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

OhridNews