Во рамки на чествувањата по повод 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент – Охридски, Патрон на градот Охрид, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот ќе се одржи Свечена Академија. Пред присутните е предвидено да се обрати Претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов по што претседателот на МАНУ, академик Таки Фити ќе говори на тема, „Трајните пораки на Св. Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“. Ќе се обрати и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Свеченостите по повод празникот започнаа со изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“, која ја отвори академик Цветан Грозданов.
Носителите на одбележувањето на овој значаен јубилеј се, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Општина Охрид, Македонската академија на науките и уметностите и универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.
OhridNews













