По повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов, братот на Димитар и Константин Миладинови, во сабота, 11-ти ноември, со почеток во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи свечена академија.
За животниот пат и музичкото творештво на Наум миладинов, ќе говорат проф.Петар Аврамоски и доц. д-р Димитри Кумбароски. Проф. д-р отец Стефан Санџакоски ќе беседи на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православната филозофија на животот според Богочовекот Христос“.
Свој музички настап ќе има правнукот Христијан Миладинов, а концерт ќе одржи Хорот „Калистрат Зографски“.
OhridNews












