Свечена академија „Од идеја до независнот“ ќе се одржи вечерва од 19:00 часот на малата сцена при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Предвидено е обраќање на претставник од Општина Охрид, како и богата културно-уметничка програма.

Утре, 23 октомври, ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк во 11 часот.

Во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Калдрма“ од м-р Никола Митровиќ-Бабе.

OhridNews