Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 2. јули, понеделник, во манастирот „Свети Наум Охридски“, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Св. Наум Охридски. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.

На 3 јули, вторник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews