По повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица, во вторник во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света литургија, со почеток во 8.30 часот. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува верниците на заедничко прославување на овој празник.

28 август е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.

OhridNews