Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 17 февруари, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, по повод празникот на Преподобен Исидор Пелусиот и преподобен Николја Студит ќе се служи света архиерејска литургија.

Литургијата ќе започне во 9 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews