11 Октомври – Денот на Народното востание против фашистичкиот окупатор ќе биде одбележан утре во Охрид со свеченост што ја организираат Општина Охрид и Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

Свечената програма по повод јубилејот ќе се одржи со почеток во 11 часот до Домот на култра во Лескоец. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и музичко-сценска приказна за слободата што ја наследивме и заветот што го оставаме во која учество ќе земат хорот при ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на проф. Тони Горгиевски, учениците од ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на професорите: Емилија Блажеска, Елеонора Георгиеска и Ивана Крстаноска, актерите Владо Дојчиноски, Перуника Киселички, Дубравка Киселички и Марија Спиркоска Илиеска, како и музичките изведувачи Ѓоко Чеменкоски – вокал и гитара, Стефан Чеменкоски – кларинет, Бојан Маркоски – хармоника, Никола Илиоски – тарабука.
Вечерта од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отвоена изложбата на уметнички длеа „Созерцанија“ од Томислав Танески.
OhridNews














