11 Октомври – Денот на Народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија во Втората светска војна, во Охрид ќе биде одбележан со свечена седница, што ја организираат Општина Охрид и Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

Свечената седница ќе се одржи на 10 октомври, понеделник, во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид.

OhridNews