Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.
Програмата започнува утре со свечена седница која ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот. На седницата предвидено е обраќање на претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма.
Во петок во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта.
OhridNews