На свечена церемонија, вечерва, во куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот, ќе се изврши доделувањето на овогодинешната Светска нагрда за хуманизам 2013, чиј добитник е германската писателка Херта Милер.

Како што е најавено, на церемонијата ќе присуствуваат и Амбасадорката на Република Германија во Македонија, Н.Е.  Гудрун Штајнекер, Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, како и Раководителот на Гете институтот во Македонија,  Томас Дикхаус.

Во чест на добитничката ќе биде одржана беседа од страна на Амбасадорот Јордан Плевнеш посветена на творештвото на Херта Милер, а ќе  биде промовирано и ексклузивното издание на нејзината книга “Животни во срцето”, во издание на издавачката куќа Феникс.

Охридската Академија на хуманизмот , Светската награда за хуманизам, која се доделува на врвни личности од светската уметност, ја инаугурира во 2007 година. 

OhridNews