По повод божиќните празници, утре, со почеток во 8.45 часот во црквата „Свети Ѓорѓи“ ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија. Света златоустова литургија, со почеток во 8.30 часот ќе се одржи во сите парохиски цркви во Охрид. Во Свети Климентовата црква на Плаошник нема да има богослужба.

На вториот ден од Божиќ, на 8- ми јануари, во црквата „Св. Богородица Челница“ ќе се одржи света литургија со почеток во 8.45 часот, а со почеток во 8.30 часот литургија ќе се одржи и во останатите парохиски цркви.

На 9- ти јануари, трет ден од Божиќ или Св. Стефан, света литургија со почеток во 8.30 часот ќе започне во сите парохиски цркви во Охрид, како и во манастирот „Св. Стефан“. Светата литургија за Варош ќе се одржи во црквата „Св. Врачи Козма и Дамјан“ со почеток во 8.30 часот.

OhridNews