Дебарско-кичевската епархија информира утре, 21 ноември, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Св. Архангел Михаил“.

Светата литургија ќе започне во 9 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 21 ноември, среда, вечерта, во црквата „Света Богородица – Каменско“, ќе се служи и сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети Нектариј Егински чодотворец“, со почеток во 23.00 часот.

OhridNews