Свечената атмосфера ја надополна прекрасен огномет и концертот на познатиот познатиот џез музичар Владимир Четкар, придружуван од Оливер Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.
На матурантите им се обрати и градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески.
– Вечерашнава свеченост исполнета со радост и возбуда ќе ја паметите цел живот и длабоко ќе остане во сеќавањата, како настан што ќе им го прераскажувате на пријателите и на вашите поколенија. Нека Ви е честито матурирањето и нека ве води добра мисла низ животот , имајте добро здравје и среќа и цврсто и успешно чекорете кон предизвиците на иднината. Средношколските денови, верувајте дека ќе ги паметите цел живот.На нив ќе се потсетувате и кога ќе бидете среќни и кога ќе бидете тажни.Тие спомени ќе Ви даваат снага да се борите со препреките и да победувате, рече Петрески.