Свечено доделени дипломите на матурантите во OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од генерацијата 2025/26 година.

По четири години исполнети со учење, труд, предизвици, дружење и многу успеси, дојде моментот да кажеме: Браво, матуранти. На матурантите им се обрати заменик градоначалничката на Охрид Ана Крстеска и Сашо Недески, директор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Во рамките на свеченоста, на сите ученици со континуиран успех им беа доделени пофалници како признание за нивната посветеност, труд и постигнати резултати, велат од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Додаваат дека посебно признание заслужија Андреа Савиќ, која е првенец на генерацијата и Јана Кузманоска, добитник на пофалница за посебна афирмација на училиштето.

Горди сме на сите вас. Вашиот успех е резултат на вашата работа, но и на посветеноста на вашите професори, ментори, родители и партнери од компаниите, истакнаа од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

OhridNews