Вечерва, со почеток во 19 часот, во собраниската сала на Општина Охрид свечено ќе бидат доделени дипломи и признанија на најдобрите млади математичари од Охрид.

Како што информираат од Здружението на математичари од Охрид, дипломите ќе се доделуваат врз постигнатите резултати од регионалниот и републичкиот натпревар по математика и од регионалниот и републичкиот натпревар по физика за учениците од основното образование во учебната 2012/2013 година.

OhridNews