Со свеченост што ќе се одржи утре претпладне, во употреба ќе биде ставен локалниот пат Вапила – Сирула, информираат од општина Охрид.

Во изминатите два месеца, беше извршена реконструкција на овој патен правец во должина од 1 700 метри и изградба на нов пат во должина од 2 700 метри. Проектот за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула се реализираат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, во рамки на програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. 

OhridNews