Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на РЦСОО „Ванчо Питошески“, во присуство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, секретарот Александар Китески, вработените и учениците на училиштето, беше положено цвеќе пред неговата биста,во знак на почит кон неговото дело и значење.

На нашите ученици и нивните ментори им беа доделени благодарници за успешно учество на овогодинешниот натпревар ГАТУС – 2026, како и на нашите соработници за нивниот придонес, ангажман и посветеност. Посебен белег на настанот беше свечената трпеза, внимателно подготвена од учениците, потпомогнати од нашите професори, кои преку своите вештини, креативност и професионалност уште еднаш го покажаа знаењето и практичните компетенции што ги стекнуваат во текот на образованието, велат од училиштето.

Патронатот, додаваат. беше можност да се истакнат вредностите што го обединуваат училиштето, а тоа се почитта кон традицијата, професионалноста и заедничкиот стремеж кон успех.

OhridNews