Денеска свечено ќе биде пуштен во употреба објектот „Развигорче“ при детската градинка „Јасна Ристеска“, каде во изминатите денови се вршеа низа градежни работи за реконструкција на објектот.
Во градинката која ја посетуваат 167 деца, се изврши реконструкција на покривот, обновување на подот и санитарните јазли, како и преадаптирање на две занимални кои во изминатиот период не се користеа.
Инаку, настанот е во рамките на активностите за одбележување на Денот на независноста.
OhridNews