Викендов, во селото Требеништа,започна првото издание на Фолк фест „Црешнобер“, манифестација која се организира под покровителство на општина Дебарца и има за цел да ја промовира црешата како заштитен знак и бренд на ова село.
– Преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани, а денес сите ние како негуватели на традицијата имаме должност да ги пренесуваме понатаму. Оттука произлегуваат и основите врз кој се базира овој Фестивал. Афирмацијата на Црешата во Дебрца и нејзиното значење во целост е примарно и ние како Локална самоуправа се трудиме за што поголема презентација. Се надеваме дека овој Фестивал ке биде голем допринос на она што значи популација на Црешната која е одгледувана во Дебрца. Сигурни сме дека креирањето на позитивни настани, создавањето на дела кои ќе останат во спомените на сите присутни, ќе бидат мотив повеќе Општина Дебрца да го зголемува бројот на културно – уметнички манифестации и да ги брендира и популаризира своите продукти, рече на отворањето на манифестацијата градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Посетителите имаа можност да видат дела од колекцијата на ликовната колонија „Дебрца“, како и изложба на цреши. На свеченото отварање свој настап имаа неколку културно-уметнички друштва и естрадни уметници.
Вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути предвидено е да се одржи вечер со староградска музика, на која ќе настапат голем број естрадни ѕвезди.
OhridNews