Синоќа, во присуство на бројни гости и во пријатна атмосфера, започна со работа Националниот ресторан “ Чун”.
Полнати пиперки, сарма, гравче- тавче- е само дел од јадењата кои се на менито на овој ресторан. 



– Намерата ни е, конечно во Охрид, да отвориме еден национален ресторан во кој ќе се нуди исклучиво македонско, традиционално јадење и во кој ќе се слуша македонска народна музика. Гостите ќе имаат можност да вкусат се што секојдневно се подготвува во нашите домови за ручек, вели Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител и сопственик на Националниот ресторан.

Сместен на самиот брег на езерото, гостите во овој ресторан имаат можност да уживаат во добрата храна, но и прекрасниот поглед на Охридското езеро.

Ohridnews