Со пригодна свеченост, викендов, беше отворена новата сала за танцување на студиото за танци „ Соната“ од Охрид, во зградата на Ремис кај старата автобуска станица.
Со тоа и Охрид доби современа сала за танцување која се протега на 60 метри квадратни, каде љубителите на танцот имаат можност да уживаат изучувајќи ги класичниот и модерен балет, стандардните и латиноамериканските танци, хип-хопот, салсата, зумбата и уште многу други танци.
Во новата сезона веќе се запишани над 30 членови, а уписите се во тек.
Студиото „ Соната“ постои веќе 6 години. На сцената во Центарот за култура досега ја имаат поставено балетската претстава “Снежна и седумте џуџиња“, претставата “Прозбори- дрогата убива“ која претставува мешавина на хип хоп, модерен балет и реге, како и проектот “Како ми го уништија детството“ поддржан од Црвениот крст преку ЦКА ПХВ програмата поддржана од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.
OhridNews