Со сечење лента, денеска, во рамки на празнувањата по повод „Св. Климент Охридски Чудотворец“ , свечено беа пуштени во употреба новите простории во поткровјето од охридската гимназија.

Градбата на поткровјето започна во 2006 година, а се реализира со средства од локалната самоуправа и Светската банка.


Како што истакна градоначалникот Александар Петрески, со реализирањето на големиот капитален проект се враќа стариот сјај на гимнаизјата, една од најавтентичните архитектонски градби во Охрид, стара повеќе од 100 години.

–    Горди смешто во 2006 го започнавме проектот, го завршивме и денеска свечено го отвораме поткровјето. Ги реновиравме внатрешните простории, ја обновивме фасадата и го направивме овој дел. Како што кажуваше охридскиот уметник Вангел Наумоски-  на старата дама и го вративме нејзиниот француски шешир, рече градоначалникот.


Директорот на гиманзијата, Наум Рилкоски изрази голема благодарност до локалната самоуправа и градоначалникот за помошта во реализирањето на проектот.

–    На почеток од годината градоначалникот кажа дека ќе се отворат просториите денес . Дел од колегите тоа го прифатија  со доза на скептицизам, но познавајќи го градоначалникот јас бев убеден дека тоа  ќе се реализра, рече Рилкоски.


На просторот од околу 1000 метри квадратни, предвидено е да бидат сместени неколку кабинети за настава, како и една просторија во која ќе бидат изложени фотографии и записи за историјатот на зградата од самото нејзино градење, па се до денес. 


Во рамки на свеченоста,беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и српската општина Инџија, кој го потпишаа  градоначалниците Александар Петреки и Петар Филиповиќ.

Во рамки на денешните свечености се изврши
промоција на книгата на проф.д- р Павле Митрески- „ Охридската
гимназија“, во која е содржан историјатот на гимназиијата од градењето,
турбулентните времиња и периоди низ кои опстојувал објектот, па се до
денес.

Како што беше истакнато од страна на промоторите на книгата,
„Охридската гимназија“ е важно дело за сите нас, затоа што дава слика за
една институција, една од најважните и најсвети во Охрид.


 
Преку долгогодишната истражувачка и научна работа, проф.
д-р Павле Митрески со книгата „ Охридската гимназија“ ќе остане како
вреден спомен за идните генерации кои доаѓаат,како вистинско богатство
на факти и податоци за сите оние кои преку книгата ќе дознаат нешто
повеќе за историјата на гимназијата. 

Т. К.