Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на утре, 15 јули, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна.

Утрената богослужба започнува во 7:30 часот, додека од 09:00 часот Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Георгиј, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

Воедно, известуваат и дека има организиран превоз од градското пристаниште со бродот Александрија по симболична цена во 07:30 часот, како и од селото Трпејца од местото викано Надол.

OhridNews