По повод празнувањето на Светите Сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј, во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник, ќе се служи Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
Утрената богослужба е со почеток во 07:30 часот, додека литургијата во 8:45 часот.
OhridNews