Света Архиерејска Литургија на Плаошник по повод празнувањата на Обрезание Христово и Св. Василиј Велики
14.01.26 12:49
По повод денешните празнувања на Обрезание Христово и Св. Василиј Велики Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, служеше Света Архиерејска Литургија во манастирот Св.Климент и Пантелејмон – Плаошник.
Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.
Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој бил најславниот владика во градот Кесарија Кападокиска. Роден е во Неокесарија во 330 година од побожни родители. Во 345 година заминал на школување во Кесарија Кападокиска, во 352 година во Атина.
По завршувањето на школувањето на околу 30 годишна возраст се вратил во родното место станал учител, подоцна примил свештенички чин и станал проповедник во црквата. Бил многу популарен меѓу народот и лесно ги придобивал луѓето за христијанската вера поради што бил наречен втор Павле. Умрел на 14 јануари 378 година.
Вековната традиција на вевчанските василичари заврши со традиционалното палење на маските во центарот на селото По дводневните акробации, хумор и сатира низ вевчанските улици, василичарите попладне...
Жителите на охридското село Куратица и оваа година празникот на селото – Свети Василиј Велики го одбележуваат со голем карневал под маски Денес е најавено главното дефиле под маски, како и забава с...
Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“ Посочуваат дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.