По повод празникот Воведение на Пресвета Богородица во Храмот, во населбата Рача утре ќе се служи света Божествена Литургија со почеток во 08:00 часот, во истоимениот храм, кој е единствен со такво име во охридскиот регион.

Овој празник ја слави посветеноста и принесувањето на малата Богородица во Ерусалимскиот храм, и нејзиното подготвување за големата тајна на спасението. Воведението е празник на чистотата, светлината и радоста, празник кој нè повикува на духовно собирање и заедничка молитва. Ги покануваме сите празникољупци да се соединиме во заедничка литургиска радост и молитва, велат од Црковниот одбор во храмот во Рача.

Додаваат дека веднаш по Литургијата ќе следи осветување на вода, прережување на леб од годинешниот кум и сите останати.

OhridNews