Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 21- ви април (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, е се служи света архиерејска литургија, по повод петата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“.

Литургијата ќе почне во 9 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews