Утре, 1-ви ноември, среда, во манастирот „Св.Климент и Св. Пантелејмон“ Плаошник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св.Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник-едноцрквие.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
OhridNews












