Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 14-ти Ноември, вторник, во црквата „Св. Козма и Дамјан“ Варош, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“.
Литургијата ќе почне во 8.45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува верниците на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews












